Готвење со баба (и со мама)

Од едно мало парче земја,сместена во центарот на Балканот произлегуваат неопишливо вкусни традиционални јадења на кои не верувам дека некој (македонец или странец сеедно) би можел да им одолее. Едно од најскапоцените и најубавите наследства кои ни останало од нашите пра-пра-пра баби и кои се пренесувало со векови од баба на внука, од мајка на ќерка.

Ако некогаш патот ве однесе на оваа прекрасна станица каде се спојуваат традиционалното и модерното, скромното и луксузното, тогаш не смеете, а да не пробате некои од нашите неверојатни специјалитети. За што и да се одлучите, ве уверувам дека нема да згрешите.

Но, ако животот и судбината не ве донесле во Македонија, или сте можеби нестрпливи да ги вкусите нашите рецепти, тогаш јас сум тука да ви помогнам. Овој петок решив да ја посетам баба ми и да зготвиме нешто чисто македонско. Онака за мерак. А тоа што го зготвивме ќе ви го пренесам на најдобар можен начин, само за да ве предизвикам токму и вие да го пробате Најдоброто од Македонија.

Тавче-Гравче

Тавче- Гравче е едно од најстарите брендирани македонски традиционални јадења. По традација ова јадење, на трпезата на македонските семејства може да се најде секој петок, без исклучок.

Состојки

200г гравче

1 главица кромид

1 пиперка

2-3 чешниња лук Масло за готвење

1-2 лажички црвен пипер

Малку сол, нане и црн бибер

1.Исплакнете го гравчето неколку пати. Во сад со вода, на оган ставете го гравчето да се вари заедно со цел кромид, лук и пиперка. Варете го гравот додека не омекне

2. Во тавче загрејте масло за готвење и ставете неколку лажички црвен пипер. Промешајте. Гравот исцедете го ,(но не сосема), зачинете и ставете ја запршката.

3. Гравчето е спремно за печење. Претурете го во керамички тави и печете се додека течноста не испари.

Наздравје !

ЃОМЛЕЗЕ

Ѓомлезето е уште еден вкусен специјалитет од Македонија , кој потекнува од Охридско-Струшкиот крај . Вид на бела, мека, нежна пита со крцкави краеви. Се подготвува на истиот начин , како и пред многу многу години. Со истиот традиционален сач под вршник на висока температура.

(Но, како опција исто така може да се направи во рерна)

Состојки

2кг брашно

500 мл вода

3-4 лажици сол

1. 2Кг брашно се раствара со вода по потреба и се прави каша. Кога се е убаво измешано посолуваме.

2. Тепсијата се премачкува со масло. Со црпалка за супа се истура количество каша колку да се направи тенок слој.

3. (Тепсијата се става во рерна . Кога слојот од кашата ќе се потпече и вцрви, тепсијата се вади, се премачкува со слој масло, па внимателно се истура нов,тенок слој каша.)

Доколку ѓомлезето се прави под сач , како што всушност е и вистинскиот начин на подготовка на ова јадење, тогаш по мешањето на кашата се пали огнот,и се загрева сач кој одгоре е посипан со пепел.

Штом се затопли тепсијата, прво се попрскува со масло, па се става една мера од кашата. По неколку минути откако ќе се потпечи првата кора, се става пак од кашата и се попрскува со масло.

Потоа го ставаме загреаниот сач и чекаме повторно неколку минути да се потпечи кората и оваа постапка ја повторуваме со останатата каша. Откако ќе се потрочи смесата ѓомлезето се сече во форма на четриаголници, и се става уште малку да се потпече.

На крајот се јаде во еден здив!

И на крај отидов и во кујната на мајка ми, љубопитна со каков македонски специјалитет ќе ме изненади. Подготвуваше вкусни полнети пиперки.

Состојки

6 зелени пиперки

500г мелено месо

2 главици кромид

1 рака ориз

2 домати

1 морков

Масло

Вегета

1.Се сецка кромидот на ситно и се пржи со масло, потоа му се додава меленто месо се пропржува и се додава оризот.

2. Се зачинува со сол, вегета црвен пипер, црн пипер (по вкус) и со така пропрженото зајре се полнат пиперките.

3.На крајот одкако ке се наполнат пиперките се затвараат со домат за да не испадне смесата или по желба со тенко сечен компир.

4. Се редат во тава и се додава вода измешана со два лажици доматано пире да ги покрие пиперките и се става во загреана рерна да се печат околу час и половина додека извари водата.

Иииииии…….

Кристина Бушеска (Македонија)

Студира: Француски јазик и книжевност

Зборува: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, шпански и малку романски

Европа:… е културна димензија, начин на живот, дом на големи умови.

Twitter: @Miss_Busheska

Author: Anja

Share This Post On

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php